Дали сте родени на најчестиот датум за родендени?

Дали сте родени на најчестиот датум за родендени?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

роденден

Понекогаш се чини како вашите пријатели, семејство и колеги имаат родендени во ист период. Ова е кошмар, особено за вашиот паричник.

Но, всушност, најчестиот датум за родендени е 26 септември. Топ-10 најпопуларни родендени во текот на изминативе 20 години се на крајот од септември и почетокот на октомври, вели Канцеларијата за национална статистика објавена во 2015 година.

На 29 февруари има најнизок број на раѓања во период од 20 години - бидејќи датумот го има само еднаш на четири години.

Зошто баш 26 септември?

Затоа што 9 месеци претходно се Божиќ и Нова година. А врвот на раѓања кон крајот на септември покажува дека многу повеќе бебиња се зачнати во неделите после Божиќ отколку во кое било друго време од годината.

Другата причина е тоа што луѓето планираат да имаат деца на почетокот на учебната година.