Македонка победник на најголемиот натпревар во областа на компјутерски мрежи!

Македонка победник на најголемиот натпревар во областа на компјутерски мрежи!

Стефани Радевска го освои првото место на натпреварот CISCO NetRiders во категорија CCNA, за регионот Европа, Русија и ЦИС од над 1000 пријавени кандидати. Ова е најголемиот натпревар во областа на компјутерски мрежи, а Стефани е единствениот македонски натпреварувач кој го има освоено првото место на ова големо натпреварување. Наградата што ја освојуваат најдобрите двајца кандидати е еднонеделно студиско патување во седиштето на Cisco во Сан Хозе и бесплатен сертификациски испит.



„Со посетување на CCNA обуката на „Сеавус едукативен и развоен центар“ (СЕДЦ) добив неколку одлични можности. Започнав кариера во „Сеавус групација“ и добив можност да бидам дел од елитниот натпревар на CISCO – NetRiders, каде што стекнатото знаење од мојот ментор Марија Феро ми помогна да го постигнам овој резултат и успех. Овој натпревар беше навистина едно големо и интересно искуство и со нетрпение чекам да го посетам седиштето на Cisco во Сан Хозе, Калифорнија“, вели Стефани Радевска.