Отворено е ново работно место во ТЕЛЕКОМ

Отворено е ново работно место во ТЕЛЕКОМ

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје

Сектор за стратегија и корпоративна комуникација / Област на Главен извршен директор


Работно место: Виши соработник за внатрешна комуникација

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
- Високо или Вишо образование , Факултет за новинарство, Филозофски факултет, Филолошки Факултет, Економски факултет или останати факултети
- 1-3 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик

Работни задачи:
- Дневно управување со алатките и каналите за компаниска комуникација (весници, брзи информации, web-страна, администратор, настани, форуми, презентации)
- Поднесување на извештаи за најновите случувања, клучни настани, стратешки решенија
- Зголемување на координацијата на информирање и комуницирање меѓу другите единици во компанијата преку внатрешни средства за комуникација
- Истражување и обезбедување на информации во компанијата
- Помагање во текот на информации во компанијата на вертикално и хоризонтално ниво
- Реализација на интерни компаниски настани
- Воспоставување на комуникација поврзана со човечки ресурси, информирање за новите вредности и компаниската култура
- Проследување на повратни информации од долу нагоре
- Управување со каналите на комуникација
- Ажурирање на текот на информации
- Да извршува и други деловни задачи од делокругот на активностите на организациската единица дадени од страна на претпоставениот.

Способности и вештини:
Тимска работа, добри организациски вештини, одлична способност за пишување, прецизна работа, добри комуникациски вештини

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши соработник за внатрешна комуникација

Огласот ќе биде објавен на ден 03.10.2017 година и ќе трае до 13.10.2017

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667 до 16:00 часот

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно,

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 28.101,00 денари

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.