Денот кога Дражен Петровиќ постигнал 112 поени!

Денот кога Дражен Петровиќ постигнал 112 поени!

Подготвил: Тамара Гроздановски

дражен

Пред 32 години Дражен Петровиќ влегол во историјата на југословенската кошарка.

Плејмејкерот на Цибона во дуел во првото коло на националното првенство со победа против Смелт Олимпија 158:77 (77:34) постигнал неверојатни 112 поени.

Легендарниот хрватски кошаркар со салата „Дом на спортови“ успеал да погоди десет тројки, а слободните фрлања ги шутирал без промашување - 22/22.

Дражен во овој натпревар го надминал и достигнувањето на легендите на ОКК Белград, Радивој Корач, кој во 1962 година постигнал 74 поени во победата против „Младост“ од Загреб.