Како да откриете што знае „Фејсбук“ за вас?

Како да откриете што знае „Фејсбук“ за вас?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

фб

Со повеќе од 2 милијарди активни корисници месечно, „Фејсбук“ претставува една од најпопуларните социјални мрежи на интернет. Затоа, треба да знаете колку од вашите лични податоци им ги давате на страницата и на компанијата зад неа.

„Фејсбук“ првенствено ги користи вашите информации за да ви „послужи“ порелевантно насочено рекламирање. Додека некои сметаат дека тоа е непријатно нападно, други ги прифаќаат рекламите како цена што ја плаќаат за бесплатните услуги и алатки на мрежата. Што и да мислите за собирањето на вашите податоци, треба да знаете што компанијата знае за вас - и како да го контролирате тоа. Додека овој водич може да ви помогне, постојат малку работи што можете да ги направите за да ја заштитите вашата приватност - ако навистина сакате да го запрете „Фејсбук“ да не знае повеќе ништо за вас, треба да ја избришете вашата сметка.

Проверете ги параметрите за рекламирање


Кога првпат сте се регистрирате на „Фејсбук“, сте ги ставиле основните информации, вклучувајќи ги вашето име и е-пошта. Страницата ве поттикна да ја напишете вашата локација, работа и историја на образование, како и вашите пријатели и роднини што моментално се на „Фејсбук“. Со следење на вашето однесување на оваа мрежа, компанијата собрала многу повеќе информации за вас и за вашите навики.

Еден брз начин за проверка на тоа кои детали ги знае „Фејсбук“ за вас - и ограничување за тоа кој друг може да им пристапи, е со избирање на „Settings“, а потоа „Ads“.

Така, можете да ги видите информациите што сте ги дале на оваа социјална мрежа и да одлучите кои детали „Фејсбук“ може да ги сподели со рекламните агенции.

На пример, кликнете „Your Information“ за да се потсетите дали сте ги споделиле вашиот љубовен статус и вашиот работодавец на „Фејсбук“. Кликнете „Your interests“ за да ги видите темите кои компанијата смета дека ги сакате врз основа на страниците што сте ги лајкнале и вашата интернет-активност. За да го сопрете „Фејсбук“ да не ви покажува реклами, исклучете ја оваа опција.

Дури и ако „Фејсбук“ не им ги продава вашите информации на рекламните агенции, сепак може да ги собира. Покрај тоа што рекламните агенции стануваат порелевантни, компанијата може да ги стави вашите податоци за да одреди грешки и да ја подобри социјалната мрежа.

Никогаш нема да ги пронајдете сите детали што „Фејсбук“ ги знае - или мисли дека ги знае за вас: тоа се тајни алгоритми кои прават образовни претпоставки за тоа кој сте врз основа на вашиот профил и вашата онлајн-активност. Сепак, сето ова не е затворена црна кутија. Покрај проверката на вашата неодамнешна активност во дневникот за активност („View Activity Log“), некои трети лица може да ви помогнат да добиете информации.

Додатокот на „Chrome“, „Data Selfie“, може да ја следи вашата активност на „Фејсбук“ и да ви даде уште неколку идеи за начините на кои „Фејсбук“ може да ги следи и интерпретира вашите податоци. Сепак, заклучоците на продолжувањето се претежно теоретски.

За уште посеопфатна анализа на вашата сметка, посетете ја „Stalkcan“. Кога ќе го внесете вашиот URL од профилот на „Фејсбук“, веб-страницата ќе го користи вашиот профил за да открие детали што само „Фејсбук“ ги знае за вас, од хотели и барови каде што сте се чекирале до видеа на кои сте биле тагнати и музика и филмови што сте ги лајкнале.

Можете да извршите слични пребарувања од веб-страницата „Tehcniques Search Tool“. На оваа страница кликнете на „Фејсбук“ на левата страна од екранот и внесете го вашиот URL во „Facebook User Number“ за да го добиете вашиот „Фејсбук“ ID број. Потоа можете да погледнете линкови како фотографии што сте ги лајкнале, видеа на кои сте вие и јавни групи на кои сте им се придружиле.

За жал, ваквите веб-страници покажуваат само дел од тоа што „Фејсбук“ го знае за вас.

Со тоа што ќе ѝ дозволите на апликацијата на „Фејсбук“ од вашиот телефон да знае каде сте, вам ви е овозможено да се чекирате на места, да пребарувате интересни места во близина, па дури и да ги најдете вашите пријатели. Но, исто така, му покажувате на „Фејсбук“ каде сакате да одите, со што компанијата има попрецизни информации за вас.

Ако сакате да ја исклучите оваа опција, треба да отворите „Settings>Apps>notifications, App permissions, Location и remove Facebook - за „Андроид“ корисници. За ајфон-корисници, Settings>Privacy and Location Services и Remove Facebook.

За да спречите „Фејсбук“ да ве следи низ интернет, одете „Ad Preferences, Аd Settings и променете ја опцијата „Аds based on your use of websites and apps“ на „Off“.