Практикантска работа во АрцелорМиттал

Практикантска работа во АрцелорМиттал

Сакате да се стекнете со работно искуство? Аплицирајте за пракса во водечка и светка компанија за производство на челик!


АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство на челик, со претставништва во над 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.

За кого е наменета праксата?

 Сите заинтересирани студенти кои сакаат да се надградуваат, имаат одлично познавање на англиски јазик и компјутерски вештини, познавање на Excel, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех.


Отворени практикантски места:
Оддел за човечки ресурси и правни работи.Водење на дата база на податоци, електронско архивирање на документи (договори за работа, изјави, уверенија), организација на обуки и настани, ажурирање на досиеја на вработени 


Што ќе добијам?

• 3 месечна практикантска работа со ментор
 • континуиран процес на учење и развој на практични вештини
 • покриени трошоци за превоз и храна
 • професионална работна атмосфера Како да аплицирам?


Испратете го своето CV на HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака „Апликација за пракса – човечки ресурси “, најдоцна до 23 октомври 2017. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.