Анализа на „Игра на тронови“ открива кој е главниот лик во серијата

Анализа на „Игра на тронови“ открива кој е главниот лик во серијата

Подготвил: Маја Пероска

„Игра на тронови“ прерасна во една од најгледаните ТВ серии кои некогаш биле прикажани. Исто така, серијата има најголем број на нелегални симнувања од Интернет.

фото извор: HBO

Една од причините зошто серијата е неверојатна е големиот број на актери и нивните интересни имиња. Фановите ширум светот си имаат свои фаворити, но кој е всушност главниот лик во серијата и која куќа е најистакната?

Еден од корисниците на „ИМДБ“ ја снимал секоја појава на секој од ликовите, преку гледање на сцена по сцена од секоја епизода. Листата содржи 200 ликови според времето кое тие го имаат при појавување во епизодите. Од таа листа се селектирани само топ 100 ликови, а целите на оваа студија се следните:

-    Да се открие времето поминато на тв екраните на топ 100 ликови
-    Времето на екранот на топ 10 ликови во секоја сезона
-    Времето на екранот на 9 примарни куќи
-    Времето на екранот на 9 примарни куќи во секоја сезона

Резултатите од анализите се и визуелно прикажани.

1. Времето поминато на тв екраните на топ 100 ликови

Изгледа дека Џон Сноу и Тирион Ланистер се двата најважни ликови во серијата, бидејќи најчесто се појавуваат во сцените. По нив, следи денерис Таргеријан, Санса Старк и Серси Ланистер. Просечното време на екраните на 100-те ликови е 7 минути и 45 секунди, но на првите 5 бројката е далеку поголема.

Интересно е што Нед Старк се наоѓа во првите 15 ликови по 7 сезони, иако тој беше убиен уште во првата сезона.

фото извор: promtcloud.com

2. Топ 10 ликови во однос на времето на екраните, според сезона

Џон Сноу изгледа дека секогаш е на првото или второто место, освен во сезона 2 каде што не е меѓу првите. Тирион Ланистер и Тион Грејџој се главните ликови во таа сезона. Сепак, ликот на Џон Сноу од тогаш продолжува да се развива и прераснува во еден од највиталните ликови во последните 2 сезони.

Денерис Таргеријан исто така, на почетокот не се појавуваше многу, се додека не се најде во првите 10 ликови во сезона 4.

фото извор: promtcloud.com

3. Време на екраните на 9 примарни куќи

Куќите Старк и Ланистер се дефинитивно најдоминантни во Вестерос. Сепак, треба да се напомене дека Џон Сноу до последната сезона се водеше како Старк, кога се откри дека всушност е Таргеријан.

Визуелниот приказ покажува дека Старк, Ланистер и Таргеријан се куќите кои најмногу се споменуваат во серијата, а Арин и Мартел најмалку. Просечното време на екраните за овие куќи е околу 12 минути.

фото извор: promtcloud.com

4. Време на екраните на 9 примарни куќи по сезона

Оваа листа покажува дека во секоја сезона, вклучувајќи ја 4 и 5, најмногу се појавуваат ликовите од куќата Старк. Куќата Ланистер најмногу ја има во 4 и 5 сезона. Иако Денерис од куќата Таргеријан е еден од најважните ликови, нејзината куќа никогаш не се наоѓа во топ 3 листата, освен во сезона 1 и 7. Интересно е и тоа што во последната сезона дејствието се одвива само околу 5 куќи.

Според студијата, може да се заклучи дека Џон Сноу е примарен лик во текот на сите сезони и куќата Старк е најмногу споменувана, а нејзините припадници најмногу се појавуваат на ТВ екраните, во споредба со другите куќи. Без разлика кој е вашиот фаворит, според овие анализи Џон Сноу е главен лик , а Старк е главната куќа.

фото извор: promtcloud.com