Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

МАНУ одбележува 50 години: Академиите ќе напредуваат само ако соработуваат

 




Директната соработка на академиите во регионот на планот на заедничката проектна активност, изработка на стратегии од значење за регионот и издавачката дејност е посебно значајна за развојот на сите, рече Таки Фити, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите на денешната свеченост со која почна одбележувањето на јубилејот – 50 години од формирањето на највисоката научна институција кај нас.

На денешниот собир во МАНУ присуствуваа претседателите на академиите од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Косово, Албанија, Бугарија, Словачка, Чешка, Австрија и Унгарија. Фити се осврна на 1967 година, кога било решено да се формира Академијата. Тој зборуваше за развојот на МАНУ во овој период, предизвиците со кои се соочува денес, за идните планови. Со одлука на Претседателството на МАНУ беа врачени три посебни признанија и медали кои го носат ликот на првиот претседател, Блаже Конески. Наградени беа Радомир Ивановиќ од Црна Гора, Бенџамин Лангер од Германија и Виктор Фридман од САД. Беа доделени плакети и благодарници на истакнати институции, организации и компании со кои соработува МАНУ, на универзитетите од Република Македонија, научни друштва, организиации.

На свеченоста присуствуваа министрите за образование и наука и за култура, Рената Дескоска и Роберт Алаѓозовски и великодостоинственици од верските заедници во земјава. Свеченостите по повод полувековниот јубилеј на МАНУ продолжуваат вечер со свечена академија која ќе се одржи во Македонската опера и балет и каде што е најавено пригодни обраќања да имаат академик Фити и претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
 
Објавено на 09.10.2017 во категорија Наука
Тагови:
 
 

Издвојуваме

Препорачани вести од Facebook