Народниот правобранител има потреба од ангажирање на консултант

Народниот правобранител има потреба од ангажирање на консултант

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПОДОБРУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ПРАВНА ЗАШТИТА BO ВРСКА СО АЗИЛ И НАТУРАЛИЗАЦИЈА" ФИНАНСИСКИ ПОДДРЖАН ОД УНХЦР

Народниот правобранител поддржан од канцеларијата на Високиот комесар за бегалци на ОН, УНХЦР за потребите на проектот „Подобрување на системот за правна заштита во врска со азил и натурализација" има потреба од ангажирање на консултант (едно лице) за спроведување на истражување.

Избраниот кандидат треба да направи истражување на тема „Интеграција на косовските бегалци, трајни решенија и доброволно враќање" по смерници и насоки дадени од Народниот правобранител/Национален превентивен механизам. Нацрт верзијата од истражувањето треба да биде подготвена и поднесена до Народниот правобранител/Национален превентивен механизам најдоцна до 13 ноември 2017 година. Консултантот истражувањето ќе го презентира на регионална конференција што ќе се одржи на 20 и 21 ноември 2017 година.

Потребни квалификации:
- Завршено високо образование од областа на правните, политичките или општествените науки
- Работно искуство во областа на азил, миграции и бегалци
- Познавање на проблематиката и политиките во регионот за натурализација на бегалците и доброволно враќање

Заинтересираните кандидати треба да достават писмо за изразување интерес и кратка биографија.
Потребната документација да се достави на следната емаил адреса: sdimitrievska@ombudsman.mk со назнака во Subject „Оглас за консултант"

Рокот за пријавување е 5 (пет) работни дена од објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно до 17 октомври 2017 година до 16 часот.