Џонсон Мети вработува! Се бара инженер за осигурување на квалитет

Џонсон Мети вработува! Се бара инженер за осигурување на квалитет

Реф.бр. 2017163
Оглас за работа : ИНЖЕНЕР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ (Quality Assurance Engineer)
Локација: Скопје, Македонија


Clean Air е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од Инженери за осигурување на квалитет (Quality Assurance Engineer) кој ќе се придружи на нашиот Оддел за осигурување на квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје. Кандидатите ќе бидат дел од тим од инженери во Одделот за осигурување на квалитет и ќе бидат одговорни за обезбедување на квалитет на нови производи според барањата на клиентите.

Главни одговорности :

• Организирање на процесот за инспекција на суровини, полупроизводи и готови производи
• Одобрување за ослободување на готови производи според барања за квалиет на клиентите
• Надгледување на процесот на производство во соодветна смена
• Асистирање на одговорните лица во имплементирање на системи за квалитет во производствениот процес, според внатрешни и надворешни стандарди
• Креирање и ажурирање на процедури за квалитет
• Постојано подобрување на процесите и производите, и сл.
• Следење и придржување кон правилата за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа во тимот
• Други работни обврски и одговорности согласно описот на работното место

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?

• Универзитетска диплома (Инженер / Технички науки)
• Работно искуство во производствена средина
• Познавање на системите за квалитет
• Задолжително е добро владеење на англискиот и македонскиот јазик
• Познавање на германскиот јазик ќе се смета за предност
• Напредно ниво на познавање на MS Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint)
• Добри организациски и комуникациски способности, менаџирање на време

Позицијата подразбира работа во три смени и работа за време на викенди.

Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање : 20 Октомври 2017

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување