Џонсон Мети вработува! Се бара помлад оператор во магацин

Џонсон Мети вработува! Се бара помлад оператор во магацин

Реф.бр. 320179
Оглас за работа : Помлад оператор во магацин (Junior Warehouse Operator )
Локација: Скопје, Македонија


Clean Air е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од Помлад оператор во магацин (Junior Warehouse Operator) кој ќе биде дел од нашиот тим во одделот за Логистика / Магацин. Со своето докажано искуство во организирана и динамична производствена средина, кандидатот ќе придонесе за зголемување на ефикасноста и успешноста во работата на тимот во магацин.

Главни одговорности :
• Навремена и сигурна дистрибуција на роба за внатрешни и надворешни клиенти;
• Пакување;
• Одржување на залихите во магацинот;
• Постојана грижа дека материјалите се во можност да одговорат на барањата на производствениот процес;
• Детално чување на податоци и организирање на залиха на материјали по логичен распоред;
• Помош во утовар и истовар на камиони кои пристигнуваат во магацин
• Следење на правилата и процедурите за безбедност и здравје при работа во фабриката

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
• Минимум Средно образование
• Валидна лиценца за возење на палетар и моторно возило (задолжително претходно извадена од релевантна институција)
• Соодветно работно искуство со магацинско работење минимум 2-3 години, идеално во автомобилска или производствена средина, вклучително утоварање и истоварање на роба
• Искуство во користење на компјутеризиран инвентарен контролен систем
• Способност и искуство за работење под притисок и во куси временски рокови
• Свесност за правилата и регулативите за здравје и безбедност при работа
• Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office (Word, Excel.)

Позицијата подразбира работа во три смени 24/7 и работа во викенди согласно сменскиот распоред

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com како MS Word и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање : 18 октомври 2017

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување