„Фејсбук“ знае кога ќе се заљубите, но и кога ќе раскинете!

„Фејсбук“ знае кога ќе се заљубите, но и кога ќе раскинете!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

fb
Фото: Depositphotos  

Социјалната мрежа „Фејсбук“ има изнајмено група научници кои со години ги истражуваат романтичните односи на социјалната мрежа.

Благодарение на нивните истражувања, вештачката интелигенција може да предвиди кога ќе ја почнете вашата следна романтична врска, подобро и од психолог.

Ова е прилично тешка задача со оглед на тоа што многу парови не се склони кон јавни објави на романтичните односи. Секако, „Фејсбук“ со текот на времето научил да ги „чита“ сигналите што кажуваат дека нешто се случува. Стручниот тим го проучува однесувањето на оние што јавно го објавиле нивниот романтичен статус и со помош на вештачката интелигенција слично однесување пронашол кај другите, подискретни парови.

Еве како „Фејсбук“ реагира ако заклучи дека со некоја личност сте прилично блиски:

- Ќе гледате многу повеќе објави;
- Личноста ќе ви се појавува повисоко на вашиот чет-бар;
- „Фејсбук“ ќе ве покани да договорите состанок или да организирате роденденска забава за оваа личност;
- „Фејсбук“ ќе ве потсети што ве спојува и ќе ви понуди да споделите спомени на вашиот профил.

„Фејсбук“ ги чита пораките на заљубените


1
Фото: Facebook


Речиси сто дена пред промената на љубовниот статус, корисниците почесто ќе ги користат зборовите „љубов“, „слатко“ и „среќа“ или ќе ги објавуваат на ѕидот на саканата личност - во просек две објави на секои 12 дена. Исто така, наместо саркастични и/или депресивни објави, заљубените често објавуваат главно позитивни објави.

„Фејсбук“ ја знае возраста на вашиот иден партнер

Колку е постар корисникот, толку се помали шансите за нивниот следен партнер да е на истата возраст. За 20-годишните, разликата помеѓу партнерите е само 1-2 години. За луѓето над 45 години, просекот е 4-5 години. Но се случуваат исклучоци: Скандинавците повеќе сакаат да излегуваат со врсници, додека белците во Египет избираат жени 8-10 години помлади од нив.

„Фејсбук“ го знае месецот кога ќе сретнете нови познајници


Секоја година во август корисниците додаваат нови пријатели, кои најчесто живеат во други земји. Овој тренд лесно се објаснува. Во август корисниците најчесто одат на одмор.

„Фејсбук“ знае кога ќе го сретнете вистинскиот партнер


Да претпоставиме дека имате 23 години и дека сте одлучиле да го промените статусот во „во врска“. Анализите покажале дека кога две личности остануваат на истиот статус повеќе од 3 месеци, поголема е веројатноста да останат заедно 4 години или повеќе.

„Фејсбук“ знае кога луѓето најмногу се расправаат

2
Фото: Facebook


Повеќето парови на „Фејсбук“ раскинуваат помеѓу мај и јули и во февруари. Постои теорија што е поврзана со Денот на вљубените, Нова година и претстојните летни одмори кои луѓето сакаат да ги поминуваат без расправии.

„Фејсбук“ препознава расправија пред раскинување

Една недела пред да заврши врската, корисникот почнува да комуницира поактивно со пријателите и семејството: пишува пораки и остава коментари под објавите. На денот на раскинувањето, бројот на интеракции со другите корисници се зголемува до 225 отсто; ова е поддршката од пријателите и од роднините.