Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Изненадувачко откритие на Марс што би можело да промени сѐ

 
марс
Фото: Тhinkstock

Научниците што го користеле орбиталниот истражувач на Марс, кој ѝ припаѓа на НАСА, дошле до изненадувачко откритие.

Тие пронашле исушено корито на езеро чија површина некогаш била како површина на десет Големи Езера што се наоѓаат на границата на Канада и Америка. Постои можност оваа локација да крие траги од животот пред неколку милијарди години, што би можело да објасни како настанал животот на нашата планета.

Со помош на орбиталниот истражувач научниците откриле дека под базенот Ериданија се наоѓаат големи наслојки на минерали. Понатамошните анализи на минералите покажале дека ги формирале подводни отвори. Милијарди години подоцна вулканите изумреле, езерото се исушило, но минералите останале.

„Оваа локација е место на некогашно длабоко море и големо хидротермално опкружување“, изјави Пол Најлс, експерт од НАСА.

„Тоа потсетува на длабоките хидротермални отвори што можат да се најдат на Земјата, слични на оние во кои би можело да се најде живот на други светови - на животот не му се потребни убава атмосфера или одредена површина, туку камења, вода и топлина“, додава тој.

Тоа е нешто што овој басен го прави посебно место во потрагата по живот. Доколку на ова место се открие живот или барем траги од него, тоа би можело да ни донесе многу повеќе информации за тоа како првобитно изгледал животот на Земјата.

„Дури и да не најдеме некакви докази дека животот постоел на Марс, оваа локација може да ни открие вид на опкружување во кое започнал животот на Земјата. Вулканската активност во комбинација со водата овозможила услови што веројатно се слични на условите што постоеле на Земјата тогаш кога еволуирал животот“, додава тој.
 
Објавено на 10.10.2017 во категорија Наука
Подготвил: Тамара Гроздановски / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook