Оглас за вработување во КаСис АД Скопје

Оглас за вработување во КаСис АД Скопје


КаСис АД Скопје е процесинг центар во Република Македонија за процесирање на трансакции со платежни картички, управување со АТМ и ПОС мрежа, е-трговија, персонализација на дебитни и кредитни платежни картички и неплатежни картички и сервиси на дежурен центар.


КаСис АД Скопје бара кандидат за работно место – СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР.

Ве покануваме да се приклучите кон тимот на КаСис АД Скопје.

Затоа треба да имате познавање и искуство во Windows и Linux OS, VMware виртуелизација, мрежна инфраструктура Cisco, Check Point, HP.

Вашата апликација, заедно со CV (професионална биографија) можете да ја доставите електронски на следната e-mail адреса: jadrankai@casys.com.mk до 27.10.2017 година.

Ќе бидат контактирани само апликантите во потесен избор.

КаСис ќе изврши избор во рок од 30 дена од завршување на рокот за пријавување на овој оглас.

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.