Спортско видео за борбени девојки

Спортско видео за борбени девојки

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Иницијатавата „Зајакнување на девојки преку спорт“ што ја поддржа амбасадата на Кралството Холандија, а во соработка со граѓанската организација ТАКТ од Скопје изработи видео чија цел е да охрабри и инспирира што повеќе девојки да бидат спортски активни. Видеото е насловено „Девојки како нас“.
-Видеото е прво од ваков вид на нашите простори, кое ги прикажува девојките спортистки како хероини, притоа потенцирајќи ги многубројните придобивки од спортувањето. Застапени се осум различни спортови како кошарка, велосипедизам, кик бокс, пливање, параглајдерство, тенис, фудбал и атлетика, и со тоа се истакнува широкиот спектар на спортови кои девојките можат да ги изберат. Спортот ги зајакнува девојките, ги прави моќни, борбени, истрајни и самоуверени – велат од ТАКТ.