Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

НАСА ја губи најценетата состојка потребна за идни мисии во вселената

 
Другите планети се оддалечени од Земјата на дистанца која не може целосно да се истражи и разбере и често се студени, темни и далечни за кое било летало да може да ги истражи само со соларна енергија. Добрата вест е дека имаме плутониум – 238: радио-изотоп, радиоактивна форма на елемент, чија топлина може да биде претворена во електрицитет.

фото извор: Oak Ridge National Laboratory

Кога ќе се постави во уреди, плутониумот – 238 може да ги одржува епските мисии на НАСА со децении. Проблемот е што елементот бил фалсификуван за време на Студената војна, па материјалот подготвен за мисии можно е да е истрошен. Одделот за енергија работи на креирање плутониум за НАСА, но се смета дека проблемите со таа програма може да ја загрозат способноста на НАСА да го користи како извор на енергија за идните мисии. Ако се случи тоа, идното знаење за Сончевиот Систем можно е да стагнира.

Радио-изотопите ослободуваат импресивни количини на енергија. Но, од речиси 2.900 типа радио-изотопи што му се познати на човекот, само 22 имаат способност за напојување на летала за длабоко истражување на вселената. Исто така се и многу скапи и емитуваат опасна радијација. Се заклучува дека најдобра опција е плутониум – 238, кој не може да се примени во експлозивните нуклеарни бомби.

Инженерите имаат и други начини за да напојуваат планетарни летала, како батерии, гориво, соларна енергија, па дури и нуклеарни реактори. Но, анализите постојано докажуваат дека плутониумот – 238 е најдобар избор поради долгата листа со причини. Најголемата е недостиг на простор во ракетите. Прекумерната големина и тежина можат да ја уништат мисијата, па ако изворот на енергија е премногу голем или тежок, научниците ќе мора да ги жртвуваат роботските алатки и трикови. Радијацијата исто така е проблем – многу планети имаат моќни електромагнетни полиња кои можат да ја оштетат електрониката. Батериите, пак, не траат долго за да се реализираат мисии за длабоко истражување на вселената. Соларните панели траат, но мора да бидат многу долги кога се испраќаат далеку од Сонцето. Вселената е многу студена, па многу електронски уреди мора да останат над одредена температура за да функционираат.

Американската влада престанала со создавање на плутониум – 238 во 1998 година. Русија ѝ продала одредена количина на НАСА во 90-тите и почетокот на 21 век, но и тоа престанало околу 2009. Па така, се создава поголема загриженост кај истражувачите.

Во моментов НАСА има околу 35 килограми, што не е доволно за други мисии, како на пример „Касини“, за која беа потрошени повеќе од 23 килограми. Сепак, научниците се надеваат дека ќе испратат слично вселенско летало за да ги истражува скриените води на Јупитер, Сатурн или, пак, дека ќе се посетат Уран, Нептун и Плутон и ќе се патува на други студени, мистериозни и далечни дестинации по првпат. Сите такви мисии бараат нуклеарна енергија.

Конгресот на САД во 2011 г. одобрил 10 милиони долари за повторно да се почне со производство на плутониум – 238. Многумина се оптимисти за проектот и сметаат дека проблемот ќе биде надминат, односно ќе се создадат нови количини, иако сето тоа ќе бара големо финансирање. Со текот на времето крајниот рок за производство само се одлага, па сега е закажан за 2025 година.
 
Објавено на 11.10.2017 во категорија Наука
Подготвил: Маја Пероска / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook