Нова камера преку која се набљудува внатрешноста на телото

Нова камера преку која се набљудува внатрешноста на телото

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Со текот на времето хирургијата се подобрува. Повеќето зафати што некогаш барале големи резови и долг период за заздравување, сега можат да се изведат со мала инцизија и со ендоскопска камера. Но, ендоскопите не се совршени. Можат да прикажат слика од внатрешноста на телото, но не и прецизната локација што ја прикажуваат. За среќа, научниците можеби пронашле решение за овој проблем. Развиле суперсензитивна камера која може да детектира светлина преку човечкото тело – светлина како онаа што доаѓа од ендоскопот.


Генерално, хирургот треба да утврди каде е ендоскопот во телото на пациентот врз основа на тоа каде почнал со прегледот, а како што ендоскопите се понапредни и можат да стигнат до помали предели, ова станува уште потешка задача.

Бидејќи е прилично темно во човечкото тело, ендоскопот пушта светлина. Повеќето од светлосните честички или фотони се распрснуваат – едни помалку од другите, а некои поминуваат директно низ ткивото. Експертите ги нарекуваат првите фотони „змиски“, а вторите „балистички“. За да идентификуваат каде се наоѓа ендоскопот во телото, истражувачите креирале уред кој може да ги детектира двата вида фотони. Исто така, уредот снима за колку време овие фотони поминуваат низ ткивото, помагајќи да се одреди каде точно е лоциран ендоскопот.

Истражувачите го тестирале уредот на модели на ткива од птици и бели дробови од овци, па можеле да одредат каде се наоѓа ендоскопот до точни сантиметри, односно многу попрецизно од претходните методи. Уредот е тестиран и на човечко тело, поставувајќи го на задниот дел на торзото, со прикажување на слика од предната страна. Камерата дала точна слика, иако ѝ биле потребни 17 секунди.

Ова е само првиот чекор. Тимот се надева дека ќе ја подобри технологијата преку тестирање на различни светлосни бранови и креирање понапредни детектори.