Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Држава во која ќе можете да си купите државјанство со биткоини

 

Плажа во Вануату
(Фото: Youtube)


Островската држава  во Јужниот Пацифик, Вануату, почнала да прифаќа биткоини како валута за купување државјанство. Државјанството чини 200.000 долари, односно според моментната вредност на биткоинот, околу 4.830 долари, и треба да се платат 41,4 биткоини. Со тоа Вануату стана првата држава што прифаќа криптовалута за плаќање за државјанство.

Вануату е држава која спаѓа во Комонвелтот, па според тоа, со нејзиното државјанство може да се добие право за патување во 113 земји без визи, во кои спаѓаат и Обединетото Кралство, Русија и земјите-членки на Европската Унија. Се разбира, со државјанството се стекнува право и на низок данок, односно се избегнува плаќање на данок на капитална добивка и данок на доход. Државјаните на Вануату не мора да живеат таму, нити физички да ја посетат земјата за да го задржат државјанството и да остварат даночни олеснувања.

Не им е првпат да нудат нешто за биткоин


Миграциската индустрија  на Вануату вреди повеќе милијарди долари на годишно ниво, а се однесува на издавање виза и државјанство на луѓе кои се подготвени да инвестираат во локалната индустрија. Таа индустрија доживеала процут во последните неколку години среде финансиската несигурност во светот на тие миграции.

Директорот на информативниот центар на Вануату, Џејмс Харис, изјавил дека постојат сомнежи во врска со криптовалутите низ светот кога во прашање се финансиски трансакции, а некои од стравовите се поврзани со некои несакани, криминални активности. „Меѓутоа, вистината е сосема поинаква. Криптовалутите имаат запис за комплетната нивна историја со видливи траги и како настанале тие во почетокот“, изјавил Харис. Вануату и претходно експериментирал со биткоинот, нудејќи откуп на земјоделско земјиште преку криптовалута уште на почетокот на 2016 година.
 
Објавено на 12.10.2017 во категорија Култура
Подготвил: Б.Б. / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook