Практикантска работа во АрцелорМиттал

Практикантска работа во АрцелорМиттал



Стекнете со работно искуство во водечка и светка компанија за производство на челик!

Опис: АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство на челик, со претставништва во над 60 земји. Имаме отворена практикантска позиција за работа на проект во Одделот за поцинкување – Автономно одржување.

Наменето за: студенти и дипломци од Машински факултет (по можност смер Индустриско инжинерство и менаџмент), кои се одговорни и структурни во работата, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех.

Работни задачи: праксата подразбира работа со полно работно време на дефинирање на оптимални работни параметри на одредена машина, дефинирање на плански активности за одржување на оптималните работни параметри, секојдневни проверки кои треба да ги извршуваат операторите и сл.

Придобивки:
• 3 месечна практикантска работа со ментор
• можност за вработување
• континуиран процес на учење и развој на вештини
• покриени трошоци за превоз и храна
• професионална работна атмосфера

Како да аплицирам?
Испратете го своето CV на HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака „Апликација за пракса – автономно одржување“, најдоцна до 27 октомври 2017.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.