Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

„Сенки над Балканот“ – подгответе се за трилер кој нема да ве остави да трепнете со око

 



Ако по утрото денот се познава, тогаш љубителите на ТВ-сериите од месецов ќе имаат нов предизвик. Вистински нестрпливите синоќа имаа можност во киното „Синеплекс“ во Скопје да видат пилот-филм од новата ТВ-серија „Сенки над Балканот“, копродукција на Србија, Русија и на Македонија. Идејата ја донесе актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ. Во 11 епизоди ќе биде распослана новата ТВ-серија, која во трите земји ќе се прикажува истовремено. Станува збор за трилер приказна за периодот после 20-те години на 20 век, а во кој е вклучена и нашата земја. Македонски копродуцент на филмот е Томи Салковски од „Скопје филм студио“. Радува фактот што нашите продуцкии се почесто влегуваат во квалитетни меѓународни копродукции.



Светска продукција која заслужува пофалби, одлични актери, трилер кој не ве остава да трепнете дури го гледате, тоа е првичниот впечаток што се добива од серијата. Учествуваа и македонските актери: Тони Михајловски, Петар Арсовски, Петар Мирчевски, Аксел Мехмет, а во серијата учествуваат и: Никола Ристановски, Јана Стојановска и други. Гости во Скопје се актерите: Драган Бјелогрлиќ, Марија Бергам, Горан Богдан. Целата серија го опфаќа периодот помеѓу 1928 до 1945 година. Една епизода од серијалот режираше и нашиот Игор Иванов-Изи.


Македонски продуцент на серијата е Томи Салковски

Од продукцијата велат дека Белград е претставен како место во кое криминалот се сведува на класично пљачкосување и убиства, но во кој сепак најголем проблем прават војните помеѓу опиумските картели за кои Белград е само траса за понатамошен шверц на скапи и ценети дроги кон Европа и Америка. Во возбудлива трилерска нарација, многу пресврти и досега непознати историски настани, се отсликува Европа во предворјето на настаните што ќе го одбележат 20.век со Белград како невралгична точка и место во кое секогаш се вкрстувале различни светски интереси.



Промоцијата на серијата беше во рамките на второто издание на фестивалот на дебитантски филмови „Киненова“. Меѓународните жирија синоќа ги прогласија најдобрите. Жирито во состав: Горан Марковиќ (Србија), Хулија Учансу (Турција), Синоличка Трпкова (Македонија), Игор Гало (Хрватска) за најдобар го прогласи венецуелскиот „Фамилија“ на Густаво Рондон Кордова. За најдобар режисер беше прогласен Босанецот Алан Дрљевиќ за „Мажите не плачат“. За најдобро сценарио беше прогласено „Една недела и еден ден“ на Асаф Полонски. Жирито во состав: Христос Каракапелис (Грција), Катрин Хабиб (Франција) и Марија Џиџева (Македонија) ги додели наградите за кратки филмови.

Од македонската селекција на кратки филмови, најдобар беше прогласен „Долго патување до дома“ на Ибер Деари. Два странски филма ја добија наградата за најдобри краткометражни филмови – „Британец по божја волја“ од Шон Дан, САД и „Ана“ од Марго Зубашвили, Грузија.
 
Објавено на 12.10.2017 во категорија Култура
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Култура