Оглас за прием на адвокатски приправници во Адвокатско Друштво Поленак

Оглас за прием на адвокатски приправници во Адвокатско Друштво Поленак

Адвокатско друштво Поленак објавува оглас за прием на АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ за нивно стручно оспособување за полагање правосуден испит, согласно законот за адвокатура.

 

polenak

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

 

• завршен правен факултет;
• одлично познавање на Англискиот јазик; и
• работа на компјутер (Microsoft Office).

 

Предност ќе имаат кандидати со добри резултати од високото образование и со способности за тимска и одговорна работа.

 

Ако сте мотивирани и амбициозни и сакате да се надградите, доставете пријава со прилог уверение за положени испити на правниот факултет, куса биографија и контакт телефон или е-маил адреса до Адвокатско друштво Поленак ул.”Орце Николов” бр.98, 1000 Скопје или по е-маил на: katanasova@polenak.com

 

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

 

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето.

 

Работната недела на кандидатите ќе трае пет работни ден, од Понеделник до Петок, од 9 – 17 часот, или вкупно четириесет часа неделно.

 

Адвокатското Друштво Поленак ќе изврши избор на кандидати во рок од 20 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

Забелешка: Огласот се однесува за стручно оспособување на адвокатски приправници заради стекнување на услови за полагање на правосуден испит и самостојно вршење на адвокатска дејност согласно Законот за адвокатура, без засновање на работен однос.