Двајца физичари докажале дека не живееме во матрикс

Двајца физичари докажале дека не живееме во матрикс

Подготвил: Маја Пероска

Кога се работи за квантната механика, постои голема доза на необичност околу неа. Научниците со векови размислуваат на оваа тема и се обидуваат да најдат објаснувања. Неодамна, физичари користеле математички модели и откриле дека бизарното квантно однесување и расцепот помеѓу квантната механика и генералната релативност, можат да бидат „исцелени“, ако го гледаме универзумот како 3Д проекција поставена во 2Д вселена. Со други зборови, универзумот може да биде холограм.


Ова не е нова теорија. Во зависност од тоа како гледате на работите, може да биде и илјадници години стара, доведувајќи не до фразата на будистите дека „светот е илузија“. Ваквата тематика била застапена и во неколку култни филмови како „Ѕвездени патеки“ и „Матрикс“. А тука е и Илон Маск, кој вели дека има една во милијарда шанса да не живееме во симулација, креирана од некоја форма на супер интелигенција.

Нил де Грас Тајсон се согласува. Тој вели дека е многу веројатно универзумот да е симулиран. Маск вели дека компјутерската моќ се зголемува со голема брзина, што во еден момент, нема да има разлика помеѓу стварноста и виртуелната реалност.  

Сепак, тоа не значи дека сме заглавени во видеоигра. Истражувач од универзитетот „Оксфорд“ и негов израелски колега докажале дека не живееме во „матрикс“. Универзумот е всушност 3Д. Истражувачите се користеле со сето познато знаење од физиката и го примениле во Монте Карло симулации, типови на пресметки нудат преглед на квантни системи кои се толку комплексни, што се тешки директно да се решат. Монте Карло симулациите имаат цел да го изучуваат ефектот на телото квантумот, кога голем број различни честички, стапуваат во интеракција во исто време. Физичарите ги споредиле гравитациските аномалии кои се познати на класичната физика со начинот на кој функционира компјутерот. Важно е да се забележи дека Монте Карло симулациите не се херметички, но се прецептивни.

Кога негативите и позитивите се исклучуваат меѓусебно, тоа е наречено проблем – знак. Моќта потребна за генерирање на компјутерска симулација со само неколку стотици електрони, може да бара повеќе атоми отколку што содржи целиот универзум. Со секоја нова додадена честичка, симулацијата станува се покомплексна.

Физичарите се обидувале подобро да ги разберат одредените аномалии како ефектот „Хал“, кој се случува кога се пушта струја низ метал. Електроните нормално се движат во права линија, но ако внесете магнетно поле, нормално на металот, електроните ќе следат со моменталното додека достигнат до полето. Кога тоа ќе го направат, се тргаат настрана, Во ефектот „Хал“ се застапени екстремно ниски температури, блиски до апсолутна нула. Во оваа средина, честичките се однесуваат чудно. За физичарите овој ефект изгледа многу како гравитациска аномалија во вселенско време.

Физичарите го спровеле ефектот „Хал“ преку Монте Карло симулации, но не очекувале да ја решат мистеријата. Многумина се обиделе и порано да го користат овој метод но не успеале. Овој обид не бил поразличен во таа смисла, но сепак има дал увид во некои прашања. Сметаат дека ако видите феномен кој не може да биде симулиран од класичен компјутер, тоа значи дека не можеме да бидеме дел од огромен класичен компјутер кој е симулиран додека некој ја краде нашата енергија, на пример. Поверојатно е дека универзумот е огромен квантен компјутер, отколку класичен.