Оглас за пракса во Халкбанк АД Скопје

Оглас за пракса во Халкбанк АД Скопје



Оглас за практикантска работа

Халкбанк АД Скопје им нуди можност на заинтересираните студенти, своето досегашно теоретско знаење да го применат во реално и динамично бизнис опкружување во рамките на Халкбанк АД Скопје и притоа истото да го надоградат од аспект на практично познавање на банкарското работење и операции. Истовремено, студентите за време на практикантската работа би се стекнале со деловни вештини и навики, потребни за понатамошно работење во соодветна работна организација, како и со можност да ги насочат во вистинскиот правец своите идни кариерни замисли.


Потребни критериуми кои потенцијалните практиканти би требало да ги исполнуваат:

- студент на додипломски или постдипломски студии на Економски факултет, Бизнис Администрација и слични насоки поврзани со бизнис – економскиот и управувачки аспект на работењето на организациите;
- солидни вештини за работа на компјутер, посебно во Microsoft Office пакетот;
- солидно познавање на англиски јазик;
- ентузијазам, проактивност, организираност и ажурност;
- конструктивен и позитивен став кон доделените задачи;
- добри интерперсонални вештини и способност за тимска работа;
- да се во можност да посетуваат практична работа во Банката во времетраење од 8 часа дневно, во рамките на работното време на Банката, во период од најмалку еден и најмногу три месеци во континуитет;
- да не се во работен однос.

Заинтересираните студенти потребно е своите куси биографии да ги достават на е-маил адресата hr@halkbank.mk, со назнака: „За практикантска работа”.
Од доставените апликации ќе се изврши предселекција на кандидати и само оние кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Дирекција за човечки ресурси,
организација и обука

Халкбанк АД Скопје