Најбескорисниот аеродром во светот на островот Св.Елена, конечно пуштен во употреба

Најбескорисниот аеродром во светот на островот Св.Елена, конечно пуштен во употреба

Подготвил: Тамара Гроздановски

1
Фото: Alamy

„Најбескорисниот аеродром во светот“ ќе го пречека првиот комерцијален лет - пет години подоцна од планираното. Еколошките и географските предизвици го одложувале отворањето на аеродромот Св.Елена, еден од најизолираните населени острови на планетата, а проектот, што ја чинелa британската влада 285 милиони фунти.

На 14 октомври, авионот „SA Airlink“ слета на озлогласената писта по шестчасовен лет од Јоханесбур. Со тоа, овој лет отвори ново поглавје во историјата на оваа мала вулканска населба во средината на јужниот Атлантик.

1
Фото: Alamy

До сега, Св.Елена- британска прекуморска територија, 1,900 километри од брегот на Југозападна Африка, била достапна само од „Ројал Мејл“ бродот. Шестдневното патување од Кејптаун чинело 4,138 фунти.

Во 2010 година, тогашната коалициска британската влада тврдела  дека „дополнителните краткорочни трошоци за изградба на аеродромот се надминати од долгорочните бенефиции“. Островот добил повеќе од 53 милиони фунти годишно како помош, а просечната годишна плата на 4,534 жители е само 7,280 фунти. Додека островјаните и љубителите на историјата може ќе ја оплакуваат загубата на бродот, кој за последен пат ќе заплови на 5 февруари 2018 година, експертите сметаат дека ќе се зголеми туризмот и ќе се обезбеди поттик за економијата. Доколку првиот лет се прогласи за успешен, тогаш ќе бидат додадени дополнителни летови.

3
Фото: Alamy

Помеѓу мај 2016 и мај 2017 година, Св.Елена имала само 3,795 туристи. Во владиниот извештај објавен во 2011 година се предвидува дека новиот аеродром ќе го зголеми туризмот на 30,000 годишно, и ќе им помогне на жителите да станат финансиски самостојни.

Но напредокот е бавен како животот на островот - островот добил мобилен прием во 2015 година. Првиот луксузен хотел на островот, во главниот град Џејмстаун, се отвори вчера. Инаку, Св.Елена има неколку хотели и хостели, кои не се достапни онлајн и може да се контактираат само преку туристичка канцеларија.

Сепак, во свет каде што оддалеченоста се гледа како луксуз, шансата да се промовира токму овој остров ги заинтересира туристичките агенции. За локалните жители, подобрениот пристап е можност за „ребрендирање“ на островот, кој досега беше познат само како „местото каде што починал Наполеон“.