Научниците откриле лек што го лекува кариесот и го поттикнува растот на забите

Научниците откриле лек што го лекува кариесот и го поттикнува растот на забите

Подготвил: Маја Пероска

Забните пломби можно е наскоро да одат во историјата благодарение на откритието за лекот наречен „тидеглусиб“. Развиен и тестиран за да се третира Алцхајмеровата болест, лекот исто така дејствува на природниот механизам за повторно растење кај забите, дозволувајќи му на забот да го поправи кариесот.
Лекот работи преку стимулација на матичните клетки во пулпата на забот, изворот на нов дентин.


Дентинот е минерализирана супстанца која се троши кога забот е во распаѓање. Забите можат природно да го регенерираат дентинот без асистенција, но само под одредени околности. Пулпата мора да биде изложена на инфекција или траума за да се забрза производството на дентин. Дури и тогаш, забот може да заздрави само во многу тенки слоеви на природен начин, но недоволно за да го поправи кариесот предизвикан од распаѓањето, што е обично длабоко. Лекот го менва овој исход бидејќи го исклучува ензимот „GSK-3“, кој го стопира формирањето на дентинот.

Во студијата, тимот на стоматолози, вметнале мали разградливи сунѓери, направени од колаген и потопени во „тидеглусиб“, па нанесени на кариесот. Сунѓерите го поттикнале растот на дентинот и за 6 недели, штетата била поправена. Структурата од колаген веднаш се стопила, оставајќи го само недопрениот заб. Но, за сега процедурата била применета само на заби од глушец, но сепак бидејќи лекот се користел за испитувања за Алцхајмерова болест, се отвора нова прилика за воведување на овој забен третман во клинички испитувања.