Нова закана на „Фејсбук“ ја злоупотребува вашата листа на пријатели

Нова закана на „Фејсбук“ ја злоупотребува вашата листа на пријатели

Подготвил: Тамара Гроздановски

фб
Фото: Profimedia

Ако неодамна сте примиле порака од пријател на „Фејсбук“ дека итно му е потребна вашата помош за да се логира во неговиот профил - не паѓајте на ова. Големи се шансите да станува збор за измама.

Станува збор за најнова измама која го наведува корисникот да ја открие неговата шифра за отворање на профил на некој на кој наводно може да му верува.

Нападот го започнува личноста што го презела профилот на вашиот пријател. Хакерот ќе ви испрати итна порака во која тврди дека се обидува да влезе во својот профил.

Од вас ќе бара да го проверите вашиот мејл за сигурносна лозинка. Кога ќе започнете тоа да го правите, ќе се обиде да влезе во вашиот профил со помош на опцијата „I forgot my password“.

Целта е во моментот кога го проверувате вашиот безбедносен код, да му го испратите на оној кој ја отклучува вашата сметка и со тоа на хакерот да му го дадете вашиот профил на „Фејсбук“.

Станува збор за таканаречени „пријатели од доверба“ на кои можете да им дадете овластување за спасување на вашиот профил секој пат кога некој ќе ве исфрли од него. Хакерот тврди дека е еден од тие луѓе, а дури и ако се обидете да проверите, нема да наидете на никаков знак дека е измамник.

Добар начин за да ја избегнете оваа измама е буквално да му се јавите на лицето што ве исконтактирало. Ако не знае за што зборувате, тоа би било прилично јасен знак дека некој се обидува да ве измами. Исто така, корисно е да имате список на пријатели кои ја имаат вашата лозинка за спасување на сметката.

Уште една добра метода за проверка информацијата што „пријателот“ ја бара од вас. Ако се исфрлени од нивниот профил, секој член од мрежата на „пријатели од доверба“ нема да добие шифра за спасување на профилот, туку само мал дел од неа. Ќе ви бидат потребни делови од шифрата од секој од нив за да го вратите вашиот профил.