Совети од д-р Ранко Рајовиќ за правилен развој на мозокот кај малите деца

Совети од д-р Ранко Рајовиќ за правилен развој на мозокот кај малите деца

Подготвил: Маја Пероска

Се поголем е бројот на деца со здравствени проблеми и нарушување како дијабетес, хипертензија, астма, нарушување на концентрацијата и вниманието. Тешко е да се потврди кои се фактори влијаат, но секако е важен фактор стилот на живот и опкружувањето, кој денес се разликува значително од било кој период од човечката историја.


Опкружувањето, движењето и физичката активност се особено важни за развојот на мозокот и интелектуалните способности кај детето. Но, постојат и многу други фактори кои влијаат на општиот развој на децата.

Дали се проблемите од генетска природа?

Меѓу научниците е распространето мислење дека генетските фактори имаат влијание но не повеќе од 40% од сите случаи на нарушувања во развојот. Што е со останатите 60%?Сигурно е дека опкружувањето има големо влијание, посебно ако постои генетска предиспозиција.

Употребата на технолошки уреди доведува до недостаток на сон, нерегуларни циклуси на спиење, лош квалитет на сонот и зголемен умор, а познато е колку е потребно доволно спиење за правилен развој кај децата.

Опасности од непосредното опкружување

Постојат бројни претпоставки за тоа зошто во претходните неколку децении доаѓа до зголемување на бројот на деца со невролошки заболувања, како церебрална парализа, астма и ментална ретардација. Некои од нив се дека во прашање е начинот на кој денес болестите се дијагностицираат, вакцините или невролошките хемикалии во опкружувањето. На пример, пестицидите кои се користат за убивање инсекти и изложеноста на нив влијае во голема мера, особено ако мајката додека била бремена ги вдишувала овие токсини. Многу невролошки нарушувања можат да бидат предизвикани од супстанци како што се олово, жива, ПЦБ. Секој пат кога доаѓа до пораст на емисијата на жива и ПЦБ, се чини дека стапката на аутизам се зголемува. Во првте месеци на бременоста мозокот е најчувствителен и во текот на таа фаза може да дојде до трајни оштетувања.

Важноста на исхраната

Исхраната е значително променета со модерниот стил на живот. Важно е да се напомене дека освен добро познатото влијание на шеќерот на психофизичката состојба, студиите на глувците покажале дека прекумерното внесување на шеќер во адолесценскиот период влијае на тоа како се доживува наградата во возрасно доба – тоа може да предизвика развој на патолошки состојби во системот за наградување, кој е задолжен за чувство на задоволство. Кога тој почесто се активира, може да дојде до проблеми како што се губење на контрола, силна желба за храна и зголемена толеранција на шеќер.

Фруктозата ја забавува активноста на мозокот

Експеримент кој е реализиран на мали животни во 2012 година, покажал дека исхраната богата со фруктоза ја забавува активноста на мозокот, а со тоа ја саботира меморијата и учењето. Се смета дека во првите години од животот на бебето, е неопходна балансирана исхрана за правилен развој на мозокот. Недостатоците од хранливи материи како железо или јод можат да влијаат на когнитивниот и моторичкиот развој. И фолната киселина е поврзана со раното функционирање на мозокот. Неправилната исхрана доведува до проблеми со општиот развој, а потоа и с учењето, емоционални рпоблеми и слабо здравје.
Јодот е особено важен за развојот на централниот нервен систем и интелигенцијата, посебно во првите неколку години од животот. Се проценува дека од недостаток на јод пати една третина од светската популација, а една од можните причини за тоа е што јодот со време испарува од солта во која се додава. Препорачана дневна доза за возрасни е 150 микрограми, а за трудници 300 грами. Супстанца која ја нарушува пак, функцијата на тироидната жлезда е бромидот, што го има во газираните сокови, лекови, пасти за заби и течности за орална хигиена.

Со здравиот начин на живот и правилна исхрана може да се влијае на правилен раст и развој на децата, особено во фазата на бременост и најраниот период од животот на детето. Иако тогаш е важно и влијанието на средината, во текот на целиот живот можно е да се влијае на менталните и физичките капацитети.

Стручни совети на експертот за ран развој од Србија, д-р Ранко Рајовиќ