Новиот актер од „Игра на троновите“ разоткрива една од теориите на фановите

Новиот актер од „Игра на троновите“ разоткрива една од теориите на фановите

Подготвил: Тамара Гроздановски

слика
Фото: НВО

Во финалето од седмата сезона на „Игра на троновите“, Серсеј на Џејми му го откри нејзиниот злобен план да ги победи Денерис и Џон - да ги измами сите да мислат дека Јурон Грејџој ја напуштил и си заминал во Железните Острови, а тој во реалноста замина во Есос да ангажира платеници и да ги зајакне редовите на Ланистер.

Претходната дискусија за тоа како „Златната компанија“ би можела да заврши во корист на Дени, наместо на Серсеј во финалето, меѓутоа новиот кастинг на актери ја разоткрива оваа теорија.

Фан страницата „Watchers on the Wall“, известува дека Марк Рисман ќе се појави во серијата како Хари Стрикленд, познат во книгата на Џорџ Р.Р.Мартин, како лидер на „Златната Компанија“.

Според страницата, агенцијата што стои позади актерот наводно ја потврдила веста, меѓутоа било која поврзаност со серијата подоцна мистериозно исчезнала од веб-страниците, а „Ејч-Би-О“ одби да ги коментира гласините.

Претходно откриено известување открива дека серијата барала актер на возраст од 35-50 години, за кој фан-страницата предвидела дека ќе биде Хари Стрикленд.

„Опишан е како авторитативен, здрав, кул и харизматичен воен тип. Ќе се појави во две епизоди од осмата сезона. Улогата бара да може да јава коњ. Акторот ќе започне со снимање на 11 декември, а потоа во мај и јуни 2018 година“, пишува фан-страницата.

Ако Рисман го глуми Хери Стрикленд, тоа ја разоткрива популарната теорија на фановите - ако и кога „Златната компанија“ ќе се појави во серијата, таа ќе биде предводена од Дарио Нахарис. Со оглед на тоа што Хари стана дел од актерската екипа на „Игра на троновите“, Дарио очигледно нема да биде лидер на „Златната компанија“, но тоа не значи дека нема да се појави во последната сезона на некој друг начин, или како сојузник на Дени или како поранешен љубовник.

Но вклученоста ха Хери не мора да значи дека „Златната компанија“ ќе ѝ остане лојална на Серсеј. Со оглед на тоа што таа била основана од копиле Таргариен, можеби старата крв ќе се покаже како погуста од златото.