Оружјето на Северна Кореја може да убие 90 отсто од Американците

Оружјето на Северна Кореја може да убие 90 отсто од Американците

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

На 12 октомври експертите од САД предупредија дека најголемата егзистенцијална закана за земјата може да дојде од детонација на нуклеарна ЕМП-бомба, која може да убие 90% од сите Американци во текот на една година.


Што може, всушност, да направи таквиот напад? Може да вклучува детонација на водородна бомба, ослободена од ракети или сателити на висока надморска височина од 3 до 400 километри, креирајќи електромагнетен пулс кој би можел да ја уништи електричната мрежа. Сите електронски уреди би биле уништени. Без светла, компјутери, телефони, интернет. Немањето струја за фрижидерите би значело расипување на храната, а со тоа и предизвикување масовно гладување. Додајте ги на тоа и недостигот од чиста вода, немањето контрола на авиосообраќајот и финансиските трансакции. Оваа слика претставува масовно уништување на САД.

Последиците нема да бидат од експлозијата, но нуклеарните ефекти од бомбата ќе бидат почувствувани на земјата. Губењето на инфраструктурата може да биде бавно, но сигурно разурнувачко. Ваквите предвидувања доаѓаат од двајца членови на поранешната „ЕМП3 комисија од конгресот – д-р Вилијам Р. Грахам (физичар и поранешен научен советник на претседателот Реган и вработен во НАСА) и д-р Питер Винсент Прај (поранешен офицер во ЦИА одговорен за анализирање на Советската и Руската нуклеарна стратегија).

Тие предупредуваат дека претседателот Трамп треба да ја подготви инфраструктурата на земјата за ваков напад преку низа можни чекори и дека САД не треба да ги потценуваат способностите на Северна Кореја. Тие велат дека повеќето експерти не ни размислуваат за нуклеарниот арсенал што го поседува Северна Кореја. Но, тие истакнуваат дека крајно време е САД да се подготват за најлошото можно сценарио – ЕМП-напад.

На ЕМП-комисијата на 30 септември и беше укинато финансирањето. Креирана е во 2001 година и била проширувана неколку пати во текот на годините, до 2016 година. Дозволено беше да пропадне и покрај специфичната закана на Северна Кореја за напад, што беше објавено и во технички извештај на официјалната Комунистичка партија. Во продолжение можете да ја видите верзијата на англиски јазик:

фото извор: Rodong Sinmun

Освен тоа, објавен е дел за Ким Јонг-ун каде што се споменува ЕМП-стратегијата:

фото извор: Rodong Sinmun

Целосното објаснување од д-р Вилијам Р. Грахам и д-р Питер Винсент Прај можете да го слушнете во следново видео: