Генијални претприемачи даваат генијални совети за постигнување успех!

Генијални претприемачи даваат генијални совети за постигнување успех!

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Бил Гејтс
(Фото: Youtube / Printscreen)



За успех се потребни многу страст, силен мотив и волја. Тоа е основно. Сепак, за да се поклопат коцкичките, треба уште нешто.

За тоа што ним им било потребно за да успеат, говорат неколку генијални претприемачи:

Бил Гејтс: „Успехот е лош учител. Ги заведува паметните луѓе да помислат дека не можат да изгубат“.

Стив Џобс: „Не можете да ги споите точките гледајќи напред; можете да ги споите единствено ако гледате наназад. И така морате да верувате дека тие точки некако ќе се спојат во иднина“.

Џек Ма:Алибаба не е само бизнис. Тоа е сон. Тоа е причина. Поради тоа нè колнеа на Вол Стрит“.

Марк Кjубан: „Работете си ја вашата работа. Работете и повеќе одошто треба. Не постојат кратки патчиња“.

Барбара Коркоран: „Луѓето сакаат да работат со некој што им се допаѓа. Ако луѓето ве симпатизираат, ќе сакаат и да работат со вас“.

Питер Тил: „Сметам дека ова е проблемот со конкуренцијата: се фокусира на луѓето околу нас, и додека стануваме сè подобри во работите во кои се натпреваруваме, го губиме допирот со она што навистина е важно и што придонесува за светот околу нас“.

Мариса Маер: „Отсекогаш правев работи за кои по малку и не бев подготвена. Мислам дека така се напредува. Кога постои тој момент: 'Не сум сигурен/на дека ќе можам тоа да го направам', тогаш продолжете, тогаш сте направиле вистински исчекор“.

Џеф Безос: „Кога сте фокусирани на конкуренцијата, морате да чекате и да следите каков чекор ќе направи таа. Кога сте сосредоточени на клиентите, тоа ви овозможува да бидете пионер во некаква работа“.

Ричард Бренсон: „Мајка ми ме научи никогаш да не се свртувам наназад и да не се каам за работи од минатото, туку да продолжувам напред. Секогаш ме изненадува колку енергија трошат луѓето каејќи се за нешто што го направиле, а не вложуваат волја во некои други проекти“.

Ворен Бафет: „Потребни се 20 години за да се изгради репутација и 5 минути за таа да се уништи. Кога размислувате на тој начин, работите ќе ги правите поинаку“.