Отворено работно место за познавачи на францускиот јазик

Отворено работно место за познавачи на францускиот јазик


 
ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје (CMX Solutions), дел од германска компанија во доменот на давање кориснички услуги, за своите операции во Скопје објавува отворени работни позиции во Скопје:
 
Контакт центар агенти со одлично познавање на француски јазик

Опис на задачите:
• Одговарање на дојдовни повици и е-маил прашања/барања од корисници и обезбедување на потребни информации, поддршка и помош во решавање на барањата на корисниците;
• Ефикасно прибирање на кориснички информации, задоволување на потребите на корисниците и едуцирање на корисниците;
• Обезбедување квалитетна услуга и поддршка во различни области кои вклучуваат информации за плаќања, правење нарачки, решавање на системски проблеми и слично.
v Потребни квалификации:
• Одлично познавање на францускиот јазик (минимум B2 ниво)
• Одлично познавање на англискиот или некој друг јазик ќе се смета за предност
• Посветеност во обезбедувањето високо корисничко задоволство
• Способност да комуницира јасно и професионално
• Претходно искуство не е потребно

Нудиме:
• Одлични работни услови
• Редовно вработување со можност за цело и пола работно време
• Флексибилно работно време во текот на денот и неделата
• Платена обука

Одлична можност за сите студенти кои одлично го владеат францускиот јазик да го надоградат во постојана интеракција на француски јазик и истовремено да заработат додека се сеуште на студии.

Испратете ја вашата кратка биографија (CV) на англиски/француски најдоцна до 31.10.2017 на е-маил: vacancies@cmx-solutions.com