Постои универзален јазик за обраќање кон бебиња

Постои универзален јазик за обраќање кон бебиња

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Можеби мислите дека кога му се обраќате на своето бебе со „бебешко зборување“ само измислувате одредени непосредни звуци. Но, според нова студија, на некој начин секоја мајка всушност го користи истото зборување кон своето дете.


Неодамнешен извештај од лабораторијата за новороденчиња од Универзитетот „Принстон“ открила дека жените што зборуваат различни јазици го користат истиот звук кога зборуваат со бебиња на сладок начин. Истражувачите тестирале 12 жени од англиско говорно подрачје, земајќи примероци од нивните обраќања на деца, а потоа и на возрасни, и успеале да истренираат компјутер да ги диференцијализира различните гласови за секој од нив, со малку повеќе од една секунда звучна информација. Потоа зеле примероци од уште 12 мајки кои зборувале на 9 различни јазици и откриле дека низ сите тие субјекти промената била иста.

Тестирањата се одвивале само со мајките, но ова важи и за татковците – очигледно е дека постои универзална форма за комуникација која се употребува во обраќањето кон бебињата, која им помага во изучувањето на јазикот.

Се очекува да бидат спроведени дополнителни истражувања, но следниот пат кога ќе разговарате со бебе, не мислете дека сте смешни и чудни. Напротив, се работи за сосема природна појава.