Најдобрите фотографии од дивиот свет за 2017 година

Најдобрите фотографии од дивиот свет за 2017 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

фото
Фото: John Mullineux

Со церемонија во Природонаучниот музеј во Лондон беа објавени резултатите од натпреварот за фотограф на годината, а победничките фотографии се вредни за вашето внимание. Оваа година на натпреварот учествувале 50.000 фотографии од 92 земји.

Фоторепортерот Брент Стиртон ја освои главната награда за неговата фотографија на која се наоѓа осакатено тело на црн носорог. Според судијата Роз Кидман Кокс, неговата фотографија е симбол за едно од најлошите, најсуровите и најнепотребните еколошки злосторства, она што треба да предизвика најмногу внимание.

Во продолжение погледнете ги победниците.