Работа за 570 Македонци во Германија преку Министерството за труд и социјална политика

Работа за 570 Македонци во Германија преку Министерството за труд и социјална политика



Врз основа на член 1 2 од Закон за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи („Службен весник на Република Македонија" број 166/12 и 30/1 6), Комисијата за деташман при Министерството за труд и социјална политика, објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање на барања од заинтересирани правни лица за учество при распределбата на правото за упатување на работници (деташман) за изведување на проектни договори во СР Германија, за периодот од 1 октомври 2017 година до 30 септември 2018 година и тоа за:

110 работници за изолациони проектни договори;
150 работнициза монтажерски проектни договории
310 работници за градежни проектни договори.


1. Давател на правото:
Комисија за деташман во Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, со седиште на улица „Даме Груев" број 14 Скопје.

2. Барател:
Во распределбата на правото на определената квота на работници за изведување на градежни, монтажни и изолациски работи преку проектни договори, може да учествува трговско друштво кое:
кадровски и технички е опремено за самостојно изведување на конкретни проектни договори во странство и кое ги исполнува другите услови утврдени со овој закон;
има регистрирано дејност во областа на градежништвото;
има најмалку десет вработени на неопределено работно време, шест месеци пред пријавување на јавен повик;
има позитивен бонитет во работењето во претходната година;
ги има измирено сите даноци, придонеси и други јавни давачки;
против кое не е отворена стечајна постапка;
против кое не е поведена постапка за ликвидација

3. Предмет на доделување:
Распределба на правото за упатување работници на работа во СР Германија, за изведување на проектни договори по правни лица, во рамките на доделеното право од СР Германија, за периодот од 1 октомври 2017 година до 30 септември 2018 година.

За учество во распределбата на правото на определената квота на работници, трговското друштво треба до министерството надлежно за работите од областа на трудот да достави:
барање од трговското друштво со негово претставување (назив, адреса, седиште, овластено лице на трговското друштво, телефон, факс, емаил);
документ за регистрирана дејност во Централен регистар на Република Македонија или документ за тековна состојба на правното лице;
документ за вкупниот број на вработени во трговското друштво, од кои најмалкудесет работници да биле во работен однос на неопределено време, најмалку шест месеци пред пријавување на трговското друштво на јавен повик;
Образец M1/M2 за вкупниот број на вработени работници во трговското друштво, со преглед на пријави/одјави во задолжително социјално осигурување за друштвото, издаден од Агенцијa за вработување на Република Македонија;
документ за бонитет на друштвото, издаден од Централниот регистар;
потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки;
потврда од надлежен суд дека не е отворена постапка за стечај потврда од Централен регистар на Република Македонија дека не е поведена постапка за ликвидација и референци на трговското друштво воземјатаи странство.

Наведените документи не смеат да бидат постари од шест месеци од денот на издавањето, a се доставуваат во оригинал или копија заверена кај нотар во затворено плико.

4. Рок и начин на доставување на барањето:
Рокот за поднесување на барања за учество во распеделбата на доделената квота на јавниот повик од заинтересираните трговски друштва изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на јавниот повик.

Барањата кои ќе пристигнат по рокот за доставување ќе се сметаат како ненавремени и нема да бидат разгледувани.

Барањата кон кои не е приложена бараната потребна документација назначена во јавниот повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

Барањата можат да седостават преку пошта на адреса: улица „Даме Груев" број 14, Скопје или дасе предадат во архивата на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија (најдоцна до 16 и 30 часот, секој работен ден).

Телефон за контакт: 02 3106 659
КОМИСИЈА ЗА ДЕТАШМАН
Во Министерството за труд
и социјална политика