Таен стан на врвот на Ајфеловата кула

Таен стан на врвот на Ајфеловата кула

Подготвил: Маја Пероска

Најголемите фанови на светот на „Дизни“ се свесни за луксузната соба во замокот на Пепелашка, но дали знаат дека има таен стан на врвот на Ајфеловата кула? Густав Ајфел творецот на кулата, го вметнал овој простор само за себе – за гости не е дозволено.


Погледот од Ајфеловата кула е меѓу најубавите во Европа. Замислете да се разбудите во удобен стан со разнобојни ѕидови, дрвени фиоки и големо пијано. Потоа, сипате еспресо и јадете кроасан додека го гледате цел Париз од висина од 305 метри – на врвот на Ајфеловата кула. Сигурно тоа го имал на ум Густав Ахфел, кога ја изградил кулата (и станот) во 1889 година.

Многумина сакале да го изнајмуваат станот, но сепак таа просторија останала приватна, во која понекогаш забавувал свои гости. Но како е сега – дали станот може да се посети?

Летото 2016 година, компанијата „ХоумАуеј“ претворила сала за конференции која се наоѓа во кулата во стан. Не е истиот како од Ајфел, но се наоѓа на висина од 57 метри – има две спални соби, урбана зелена градина и панорамски поглед на „Триумфалната порта“ и реката Сена. До сега престојувале 4 лица во јули 2016 година.

Што се однесува до станот на Ајфел, не е дозволено престојување во него, но се организираат тури за гледање на просториите. Дури ќе видите и фигури на Ајфел и Едисон како разговараат.