Какво време да очекуваме во наредните пет дена?

Какво време да очекуваме во наредните пет дена?

Денес е вторник, 24 октомври 2017 година, 297-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:50, а ќе зајде во 17:44 часот. Денот ќе трае 10 часа и 54 минути.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во вторник во утринските и претпладневните часови ќе биде облачно и нестабилно со слаби врнежи од дожд, ветровито и свежо време. На планините нас 1600 метри врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престанат но ќе преовладува претежно облачно и свежо време. Во југоисточените предели умерено облачно време со повремени сончеви периоди во текот на целиот ден. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 5 до 16 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските и претпладневните часови облачно со врнежи од дожд, ветровито и свежо. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, додека пак максималните дневни до 11 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и малку потопло време. Утринските температури од 3 до 12 степени, додека пак максималните дневни од 7 до 19 степени. Во четврток и петок по студеното утро со утрински температури од -1 до 8 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална обалчност и потопло време со дневни температури кои што ќе се движат од 10 до 22, односно од 13 до 25 степени. Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време со пад на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 8 до 20 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во среда умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време со дневна температура до 14 степени. Во четврток и петок студено утроо со утринска температура од 5 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и потопло време со дневна температура до 17 односно до 20 степени. Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време со максимални 15 степени.

Weather4all.com.mk