Новата премиерка на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн: „Капитализмот е промашување - која е целта на економски раст ако луѓето немаат удобен живот?“

Новата премиерка на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн: „Капитализмот е промашување - која е целта на економски раст ако луѓето немаат удобен живот?“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

jacinda

Новата новозеландска премиерка Јацинда Ардерн во своето прво интервју порача дека капитализмот е промашување што ги уништува луѓето со ниски примања во нејзината земја и во светот.

Таа порачува дека кога ќе ја преземе власта наредниот месец во рамките на договорената коалиција на левиот центар, интензивно ќе работи на решавање на систематскиот проблем на бездомништвото во Нов Зеланд.

„Платите не се носат со инфлација. Која е целта на економскиот раст кога се соочуваме со една од најлошите ситуации кога станува збор за бездомништвото во развиениот свет?“, порача 37-годишната премиерка.

„Кога имате пазарна економија, сè се сведува на тоа да признаете или да не признаете дека пазарот ве изневерил, како и каде е потребна интервенција. Дали пазарот го изневери нашиот народ? Да. Како можете да кажете дека сте успешни кога имате економски раст од околу 3 отсто и највисока стапка на бездомници во развиениот свет? Мораме да работиме на тоа луѓето да имаат можност за удобен живот, каде што со својата работа ќе можат да живеат и да ги издржуваат своите семејства“, истакнува таа, најавувајќи и конкретни чекори, како што се подигнување на минималната плата и други мерки.