ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК - АДМИНИСТРАТОР НА БАЗА НА ПОДАТОЦИ, ДИРЕКЦИЈА ЗА ИТ, СЕКТОР ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И ИТ (1 позиција во Централа- Скопје, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- ВСС, Акредитирани високообразовни институции во РМ;
-Електротехника, информатика, математика или други несродни насоки во случај на соодветно работно искуство,
- 2 години работно искуство во областа на информационата технологија, искуството со банкарски информациски системи се зема како предност;
- Добро познавање на информационата технологија, Microsoft сертификати;
- Англиски - солидно познавање, читање и пишување;
- Комуникациски способности, способност за координација со останатите организациони делови во Банката, иницијативност, тактичност, креативност, доверливост.
Опис на работно место/одговорности:
- Одговорен за системи за бази на податоци, инсталација, администрација, набавка и проектирање;
- RDBMS/DBMS и инсталација на платформа (оперативен систем)
- Надградба на SQL – серверот (податочниот сервер) со нови верзии;
- Инсталација на најнови сервисни пакети;
- Соработува со систем администраторот при додавање и конфигурирање на дискови, надградба и конфигурирање на серверите со меморија;
- Познавање на политиката за информативна сигурност на Банката; има одговорност и грижа за физичка заштита на серверите на кој се инсталирани базите на податоци на Централна локација и на алтернативна локација, обезбедува сигурен пристап кон DB ресурсите;
- Дизајн и развој на базите на податоци и тоа: дизајн на табели, индекси, тригери, views, stored процедури, функции,итн
- Размена на информации и активно учество при дизајнот на апликациите,
-Документирање на: конфигурации, системски логови, процедури за инсталација; евидентирање на структурните промени во базите, изготвување на постапки и упатсва за оперативно и за системско одржување и поддршка на базите на податоци;
- Cluster администрација миграција на базите на податоци (DB) од еден на друг сервер, конфигурирање, воспоставување, администрација и мониторинг на репликација кон/од друг DB.
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата 42.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 31.10.2017 година.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.