КОНКУРС за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици - спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година

КОНКУРС за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици - спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата („Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15 и 30/16) и Решение за распишување Конкурс за доделување на 150 (стоипедесет) стипендии за талентирани ученици-спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година, Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици - спортисти од јавните и приватните средни училишта
во Република Македонија за учебната 2017/2018 година

Министерството за образование и наука за учебната 2017/2018 година ќе додели 150 (стоипедесет) стипендии за талентирани ученици-спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.


 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА


Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на претходните две учебни освоиле најмалку две награди за освоено I или II место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на спортот организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт;

2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на претходната учебна година освоиле награда за освоено I или II место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на спортот организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт;

3. да имаат постигнат просечен успех од најмалку 4,00 во досегашното образование;

4. да не повторувале година во текот на образованието;

5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

6. да се државјани на Република Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се континуирано остварен просечен успех од најмалку 4,00 и освоените награди на државни или меѓународни натпревари од областа на спортот (поединечни или екипни), при што за критериумот остварен просечен успех може да се добие најмногу до 40 бодови, а од освоените награди најмногу до 60 бодови.

При утврдување на вкупните бодови од освоените награди за ученици од I година ќе се вреднуваат двете највисоко рангирани-освоени награди,  а за учениците од II, III и IV година ќе се вреднува само една највисоко рангирана-освоена награда.
Дополнителни 10 бодови ќе добијат учениците кои ќе достават повеќе од предвидените награди/дипломи, а се од ист вид на спорт.    

За награди освоени на државен натпревар од областа на спортот ќе се признаваат само награди освоени на натпревари организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт, а не од спортски клубови, здруженија и сл.


II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http:// konkursi.mon.gov.mk, почнувајќи од 25.10.2017 година до 5.11.2017 година.

Пред започнување со електронското пријавување, задолжително да ги комплетирате сите потребни документи од точка III на овој Конкурс.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 01.12.2017 година на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk.

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, во истиот период од 25.10.2017 година до 5.11.2017 година, од 09-15 часот, ги доставуваат следните документи:

1.Евидентен лист;

2.Потврда дека е редовен ученик во учебната 2017/2018 година;

3.Идентификационен број од успешно пополнета електронската пријава

4.Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);

5.Заверени на нотар фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;

6.Изјава потпишана од родител - старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот http:// konkursi.mon.gov.mk;

7.Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk;

8.Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk;



Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16), ќе го обезбеди следниот документ:

-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Наградите-дипломите каде што нема прецизно  утврдено освоено место, односно награди-дипломи и пофалници за учество на натпревари без освоено место, наградите-дипломите  кои не се освоени во претходните две учебни години за учениците од I година,  или во претходната учебна година кај учениците од II, III и  IV година нема да се земат во предвид.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од трансакциска сметка на која би ги добивале парите во случај да добијат стипендија.


IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.970,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.
Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се уредат правата и обврските.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА     
МИНИСТЕР                                            
Рената Дескоска