ФАКОМ вработува! Отворени се 33 (триесет и три) работни места

ФАКОМ вработува! Отворени се 33 (триесет и три) работни места

Врз основа на член 22 ст. 1 т. 1 и член 23 од Законот за работните односи, член 44 ст. 6 т. 6 од Статутот, ФАКОМ АД Скопје објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
За пополнување на следните работни места:

1. Раководител - 1 (еден) извршител на неопределено време
Потребни услови:
- ВСС Економски факултет
- Со работно искуство
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутер
- Да поседува Уверение за овластен сметководител од ИСОС

2. Монтер 5 (пет) извршители на определено време од 3 месеци
Потребни услови:
- КВ (Училиште за занимање)
- Со и без работно искуство

3. Монтер заварувач - 5 (пет) извршители на определено време од 3 месеци
Потребни услови:
- ССС/КВ (Техничко училиште/ Училиште за занимање)
- Со и без работно искуство

4. Електричар - 1 (еден) извршител на определено време од 3 месеци
Потребни услови:
- ССС/КВ (Средна стручна спрема / Училиште за занимање)
- Со и без работно искуство
- Читање на релејноконтакторска шема
- Способност за самостојно извршување на работните задачи во услови на електрична нисконапонска инсталација
- Основни познавања на електричните машини
- Основни познавања на индустриската елекгроника

5. Бравар на одржување -1 (еден) извршител на определено време од 3 месеци
Потребни услови:
- КВ (Училиште за занимање)
- Со и без работно искуство
- Основни познавања од механика и машински елементи (лежишта, куќишта, запчаници и др.

6. Бравари -10 (десет) нзвршители на определено време од 3 месеци
Потребни услови:
- КВ (Училиште за занимање)
- Со и без работно искуство
- Основни познавања од браварскозаварувачка дејност

7. Заварувачи MIGMAG - 10 (десет) извршители на определено време од 3 месеци
Потребни услови:
- ССС/КВ (Средна стручна спрема / Училиште за занимање)
- Со работно искуство
- Основни познавања од заварување (MIGMAG постапка)

Кандидатите за горенаведените позиции покрај посебните услови потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон.

Кандидатите кои се пријавуваат на огласот потребно е да поседуваат силна мотивација и вештини за самостојна и тимска работа, способност за одговорно и доверливо извршување на работните задачи и желба за континуирано учење и унапредување на знаењето.

Работодавачот ќе изврши проверка на знаењето и способноста на пријавените кандидати од соодветната област.

Работното време за работното место под точка 1 е од 08:00 16:00 часот, за работното место под точка 2 е од 07:30 - 15:30 часот, по потреба и во смени, азаработните места под точка 3, 4, 5, 6 и 7 е од 06:00 14:00 часот, по потреба и во смени, полно работно време 8 часа дневно, 40 часа неделно од понеделник до петок.

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето. Изборот за горенаведените позиции ќе се изврши во рок од рок од 45 дена, 90 дена или 120 дена согласно чл. 23 ст. 2 од ЗРО, по истекот на рокот за пријавување. Зинтересираните кандидати треба да достават пријава - мотивационо писмо со назнака за која позиција аплицираат, CV и доказ за завршено образование, лично или по пошта на адреса ФАКОМ АД -Скопје, бул. Александар Македонски бр. 18, Скопје или по емаил info@fakom.com.mk Ненавремените и нецелосни пријави нема да бидат разгледувани.