Кралицата не носи пари со себе, освен во недела

Кралицата не носи пари со себе, освен во недела

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Кралицата Елизабета Втора
(Фото: Wikimedia Commons)


Богатството на англиската кралица се проценува на околу 500 милиони долари.

Но, она што е интересно, и покрај нејзиното богатство, е дека таа никогаш не носи пари со себе, освен во недела, што е исклучок на правилото.

Имено, таа носи пари само во недела, кога ја посетува црквата и донира средства, открива писателот на биографијата на кралицата од 2012 година.

Според него, таа остава пари во садот за собирање средства, и тоа точно банкнота од 5 фунти, уредно сложена и склопена во облик на правоаголник за да може да ги остави парите дискретно.

Во одбрани денови, кога се чувствува особено великодушно, донира по 10 фунти.

Наместо пари, кралицата во својата торбичка секогаш носи очила за читање, пеперминт-бонбони и пенкало, открива историчарот на кралското семејство, Бедел Смит.

Кога патува во странство, на кралицата не ѝ треба британски пасош. Сите други членови на кралското семејство, како војводата од Едингбург или принцот од Велс, имаат пасоши.

За кралицата не постои пропишано правило за брзина во возењето – таа може да вози брзо колку што сака – и нема да добие казна за тоа. Освен тоа, таа никогаш не полагала испит за возачка дозвола, ниту пак поседува таква, иако сите возачки дозволи во Обединетото Кралство се издаваат во нејзино име.

Британците, како и повеќето луѓе од другите земји во светот, мора да плаќаат данок, одреден со закон според своите примања. Кралицата е изземена од овој закон, но како праведен владетел, таа доброволно плаќа данок уште од 1992 година.

Гледано од правна страна, кралицата не може да биде тужена. Исто така, таа има право да не предава докази пред судот, но и судот не може да ја гони кривично.

Под одредени околности, на пр. кога станува збор за непосредна опасност за државата, кралицата има право да влезе, да провали, па дури и да уништи сечиј посед. Звучи застрашувачки, иако кралицата Елизабета никогаш не го искористила тоа право.