Временска прогноза за наредните денови

Временска прогноза за наредните денови

Денес е четврток, 26 октомври 2017 година, 299-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:17 часот. Денот ќе трае 9 часа и 22 минути.

Овој ден во Македонија го започнуваме со претежно ведро и со студено утро и утрински температури кои што се во опаѓање и воедно нивните вредности се под повеќегодишниот просек за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студеното утро со утрински температури кои што ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од -2 до 9 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и топло време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температури денес ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 11 односно до 22 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје по студеното утро со утринска температура од 5 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со повисока дневна температура која што ќе достигне до 19 степени. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Студено утро во Македонија не очекува и во петок со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 0 до 9 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време со температури од 14 до 25 степени. Во сабота умерено облачно време со повремени периоди. Минималните температури од 4 до 13 степени, додека пак дневните температури од 7 до 18 степени. Во недела претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 9 до 20 степени. Во понеделник облачно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време со осетен пад на температурите, на ридско-планинските предели и на планините 1800 метри со врнежи од снег. Минималните температури од -1 до 8 степени, а дневните од 3 до 13 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во петок претежно сончево време со појава на локална облачност и дневна температура до 22 степени. Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време со пад на дневна температура на максимални 15 степени. Во недела претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со дневна температура до 17 степени. Во понеделник облачно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време со пад на температурата на максимални 10 степени.

Weather4all.com.mk