Каде живее најплатената уметница во светот?

Каде живее најплатената уметница во светот?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

уметничка

Јапонката Јаои Кусама се смета за вистинска авангарда на денешницата.

Официјално ја прогласиле за ментално нестабилна, поради што веќе четири децении живее во Психијатриската болница за душевно болни во Токио. Наводно таму завршила по смртта на нејзиниот партнер Џозеф Корнел. Но, докторите слободно ѝ дозволиле да ја напушта болницата и да оди во нејзиното ателје, каде што создава вистински ремек-дела, поради што се смета за една од најплатените уметници на денешницата.

Верувале или не, таа работи од 9 до 16 часа секој ден. Кариерата ја започнала во 60-тите години од минатиот век во Америка, а на почеток ги мешала уметноста и модата. Има слики во различни формати, инсталации, скулптури, филмови, хепенинзи и мултимедија.

Таа и ден-денес на сите случувања се појавува во автентично издание, со црвени и розови перики, фустани со точки и шалови во јаки бои. Дури и количката, во која мора да се вози поради длабоката старост, ѝ е покриена со точки.