Како би изгледала Октомвриската револуција ако во тоа време би постоел „Твитер“?

Како би изгледала Октомвриската револуција ако во тоа време би постоел „Твитер“?

Подготвил: Тамара Гроздановски

revolucija

Руската телевизиска мрежа РТ на „Твитер“ започна проект под хаштагот #1917LIVE, што донесува интересни информации за Октомвриската социјалистичка револуција во Русија во 1917 година.

Проектот, започнат по повод на одбележувањето на 100 годишнината од овој значаен историски настан, прикажува како би изгледала револуцијата ако пред еден век би постоел „Твитер“.



Свои профили на оваа социјална мрежа имаат сите учесници во револуционерните случувања - Ленин, Тоцки, членовите на семејството Романов, како и значајни политички личности и владетели од тоа време.

Покрај големиот број на текстуални информации, во дискусиите можат да се најдат и голем број автентични фотографии и видео-материјали. Улогата на медиумите од тоа време ја има „Руски телеграф“, измислен РТ од 1917 година.