Конкурс за млади професионалци во Центарот за истражување на турбуленција на Универзитетот „Стенфорд“
Летната програма на Центарот за истражување на турбуленција при Универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија, САД, се одржува секоја втора година и им дава големи можности и ресурси на млади луѓе кои ги почнуваат своите кариери на универзитети и во истражувачки компании низ светот. Учесниците имаат можности да работат со најголемите професионалци во областа на пресметковните науки и инженерство. Повеќе информации за оваа програма и апликацијата може да се најдат во прикачениот документ.
Апликациите можат да се доставуваат во pdf формат на: turbulence@stanford.edu
Повеќе информации можете да пронајдете
ТУКА.