Работи на кои не ве предупредуваат кога ќе станете мајка

Работи на кои не ве предупредуваат кога ќе станете мајка

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кога ќе кажеме мајчинство, обично замислуваме идилични прошетки со бебе во количка, малечка слатка облека и првото „мама“. Меѓутоа, Ксенија Шарапова од Русија во свој текст ги набројува и оние помалку идилични страни на мајчинството што обично се откриваат од прва рака. Нејзиниот текст ви го пренесуваме во целост:



„Дали е тешко да се биде мајка? Ова прашање си го поставив многу пати пред да родам дете. За мајчинството се обидував да се подготвам со одговорност. Одев на курсеви за трудници, читав книги, разговарав со искусни жени. И не се плашев од она што следува. Психолог на курс ме праша што ме загрижува и како сакам да ми помогне. Беше изненаден кога му реков дека немам страв. Но, изгледа дека не се плаши само оној што не знае што го чека. Живеев мирно додека не ја родив ќерка ми.

По породувањето во мене нешто се промени. Генерално не сум била заинтересирана за феноменот мајки и деца, мајка ми ми зборувала за клучните моменти од моето детство, но никогаш не сум прашувала за друго. Решив да бидам подготвена на сѐ. Но, сфатив што сѐ младата мајка не може:

1. Да излезе од дома кога сака

Теоретски тоа е можно, но само со детето. А за тоа морате да го подготвите детето, а и себе, па потоа пак детето, бидејќи во меѓувреме, додека ве чекало, ги завршило своите физиолошки потреби. Тогаш можете повторно да се подготвите вие, па конечно да го напуштите домот.

2. Да го прави она што ѝ се прави

На пример, да оди во кревет. Распоредот на семејството, а особено на мајката е подреден на ритамот на живот на детето. Мајката мора да спие кога спие и детето, да јаде кога јаде и детето, да шета кога е време за шетање на детето.

3. Да јаде и да пие што сака

Исхраната на доилките е полоша од диетата при стомачен вирус.

4. Да не пее кога не ѝ се пее

Со оглед на тоа дека плачот на бебето е еден од звуците што е најтешко да се поднесат, младата мајка ќе се користи со различни средства за да го спречи. Мојата ќерка се смируваше со многу песни. Па така, без разлика на расположението, ќе пеете по цел ден.

5. Да се измори

Полесно е да се работи отколку да се седи сама по цел ден со детето кое сака да разговара, но уште не ги развило јазичните вештини. Околу 16 часа сум кловн за на мојата ќерка да ѝ биде забавно.

На сето ова никој не ве предупредува. Но, ако мојата ќерка некој ден ме праша дали ми било тешко кога сум ја родила, не верувам дека ќе ѝ го споменам ова. Наместо тоа, полна со љубов, ќе се сеќавам на најубавите моменти од нејзиното детство, исто како што ми раскажувала и мојата мајка“.

Текст на: Ксенија Шарапова