Оглас за Delphi програмер

Оглас за Delphi програмер



Едусофт, професионална софтверска компанија која што повеќе од 25 години се занимава со дизајн, развој и имплементација на софтверски апликации, лоцирана во Скопје – Стара Скопска Чаршија бара Delphi програмер со полно работно време.

Повеќе детали за ЕДУСОФТ на https://www.edusoft.com.mk

Избраниот кандидат ќе биде дел од тимот кој одржува софтверски решенија за водечки производител на софтвер во САД за комплексни индустрии како што е авионската индустрија.

Барани квалификации/карактеристики:

1. Минимум 5 години работно искуство со Delphi
2. Вештини во програмирање
3. Анализа и решавање на проблеми со постоечки изворен код од општа проблематика
4. Развој на нов софтвер од општ карактер
5. Високо образование

Како да аплицирате
Испратете нѝ порака со апликација за пријавување и Вашето CV на македонски или на англиски јазик на edusoft@edusoft.com.mk