Оглас за платена практикантска работа во Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.
Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
Објавува
ОГЛАС
ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ
Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка оптределба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, спроведува програма за практиканстка работа за поттикнување на вработување и развој на млади таленти. Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.
Како дел од Програмата, Цементарница УСЈЕ објавува оглас за платена ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА во Службата за човечки ресурси.
Квалификации:
Кандидатите треба да бидат без работно искуство, дипломирани или во завршна година на студиите по општествени науки (економски, правен, менаџмент на бизнис администрација и слично).
Одлично познавање на Microsoft Office апликациите и одлично познавање на англиски јазик се сметаат за предност.
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV)
3. Доказ за образование (уверение за дипломирање или за положени испити)
Огласот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето.
Ангажирањето во програмата за практикантска работа трае определено време до 3 месеци.
Учесниците во програмата ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област. Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје
http://usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Аплицирајте
ТУКА