25 милиони слики од 14 уметнички институции се дигитализираат и се поставуваат онлајн

25 милиони слики од 14 уметнички институции се дигитализираат и се поставуваат онлајн

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

1

„Архивите на дигиталната уметност се заспани убавини што чекаат да бидат откриени и бакнати“, вели Томас Гејгенс, директор на истражувачкиот институт „Гети“. Можеби звучи како чудна метафора, особено бидејќи архивата за која зборува Гејгенс моментално содржи фотографски богатства од средновековната христијанска уметност од Холандскиот институт за историја на уметност.

2

Но наскоро Фарос - меѓународниот конзорциум на фотоархиви ќе биде домаќин на 25 милиони слики, од кои 17 милиони уметнички дела. Архивата се стреми да достигне бројка од 7 милиони онлајн до 2020 година. Фарос е заеднички напор од 14 различни институции, вклучувајќи ги и „Гети“ и „Фрик“, Националната галерија на уметноста, Јеил-центарот за британска уметност, римската библиотека „Херцијана“, Институтот „Кортаулд“ и многу други. Корисниците ќе можат да ја пребаруваат историјата на реставрацијата на делата, вклучувајќи ги и различните состојби на истото дело со текот на времето, минатата сопственост, па дури и заднината на поврзаните дела што биле изгубени или уништени.

3

Во моментов Фарос содржи речиси 100.000 слики и над 60.000 одделни уметнички дела, а содржи и класична и византиска уметност и мозаици од Фрик; ранохристијанска уметност од Националната галерија, многу фотографии од римската керамика, скулптури од библиотеката „Херцијана“.

Базата на податоци можете да ја разгледате ТУКА.