Обука за водечки проверувачи согласно ISO9001:2015 под акредитација на IRCA

Обука за водечки проверувачи согласно ISO9001:2015 под акредитација на IRCA

ИНТЕРЦЕРТ врши сертификација на системи за управување и организира обуки за проверувачи за следниве стандарди:
ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; OHSAS 18001:2007; ISO 20000-1:2011; ISO 22000:2005; ISO 27001:2013; ISO 50001:2011; IATF 16949:2016 и др.


Во соработка со RINA Academy од Италија, и под акредитација на IRCA, организираме обука за водечки проверувачи согласно ISO 9001:2015. The International Register of Certificated Auditors (IRCA) е најстара и најреномирана организација во светот за сертификација на проверувачи на системи за управување, која брои преку 30.000 членови од повеќе од 150 земји.

                  

Цел на обуката за водечки проверувачи е запознавање со:

- Пристапот и барањата на новата верзија на стандардот ISO 9001:2015
- Основните принципи и придобивки на системите за управување со квалитет
- Неопходните компетенции и вештини за проверувачи во согласност со ISO 19011:2011
- Начинот на планирање и изведување на проверка, како и подготовка на извештај од истата, во согласност со 19011:2011
- Примена на стандардот во пракса и димензионирање на системот во согласност со потребите, големината и дејноста на организацијата

Обуката е наменета за:

• проверувачи на системи за управување со квалитет
• претставници на раководството за квалитет
• раководители кои управуваат со процеси кои се предмет на сертификација
• консултанти
• обучувачи

Доколку и Вие сте заинтересирани професионално да работите со ИСО стандарди, можете да нѐ контактирате на 078 269 483 или на kontakt@inter-cert.net. Бројот на места е ограничен.

Обуката ќе се одржи во Скопје во периодот 13-17 ноември 2017.

До повеќе информации за обуката можете да пристапите на следниов линк: